БУТЕЛ ОД ДЕНЕСКА ИМА НОВ ГРАДОНАЧАЛНИК Дарко Костовски ја презеде функцијата

17

Новоизбраниот градоначалник на Општина Бутел Дарко Костовски денеска ја презеде функцијата од досегашниот градоначалник Велимир Смилевски, кој изгуби во првиот круг од локалните избори.

– Од денеска сум во служба на граѓаните и сите заедно ќе зачекориме кон модерна, безбедна и просперитетна Општина Бутел – рече Костовски при доделувањето на уверението.

Уверенија им беа доделени и на новоизбраните советници во Општина Бутел, каде мнозинството од десет советници го има ВМРО-ДПМНЕ.