Вакцината делува во Австрија, само 10 отсто од новозаразените постари од 65 години

9

Само десет отсто од новозаразените со коронавирусот во Австрија се повозрасни од 65 години, што покажува дека кампањата за вакцинирање во оваа земја почнала да дејствува.

Од вкупно 17.135 новозаразени изминатата седмица, 10,2 отсто односно 1.743 лица, биле постари од 65 години, и за австриските здравствени власти тоа е показател дека масовната имунизација против Covid-19 почнала да дава резултати.

Меѓу Австријците постари од 85 години, 71 отсто мажи и 65 отсто жени ја примиле барем првата доза од вакцината. Во возрасната група меѓу 75 и 84 години, вакцинирани се 69 отсто мажи и 67 отсто жени, а во возраснта група од 65 до 75 години вакцинирани се 44 отсто мажи и 42 отсто жени.

Досега во Австрија 1,76 милиони граѓани, одноно 23,36 отсто од населението, ја примиле првата доза од вакцината. Две дози добиле 718.314 лица, односно 9,54 отсто од вкупниот број жители.

Уделот на помладите од 25 години меѓу новозаболените изминатата седмица изнесувал 30,7 отсто.

Просечната возраст на новозаболените од Covid-19 во Австрија минатата седмица била 37,6 години, а до пред една година 56,7 години.