Вакцина против ковид-19 примиле 4.782 здравствени работници

22

Вакцина против ковид -19 досега примиле 4.782 здравствени работници, информираат од Министерството за здравство.

За вакцинација преку веб-страницата „vakcinacija.mk“, пак, досега се пријавиле 80.201 граѓани, а 56.821 преку матичен лекар.

Вчера Министерството за здравство регистрираше 541 нов случај на корона вирусот од направени 2.789 тестирања. Повеќе од половина од новодијагностицираните случаи се во Скопје.

Починаа 19 лица на возраст од 55 до 89 години.