Ванеса Брајант емотивна после титулата на „лејкерси“: Штета што Коби и Џиџи не можат да го видат ова

13

Леброн Џејмс, Ентони Дејвис, Ражон Рондо и останатите кошаркари на Лос Анџелес Лејкерс, водечките луѓе на клубот и навивачите, освоената титула во НБА лигата му ја посветија на прерано починатата ѕвезда на Коби Брајант. Сопругата на Коби, Ванеса преку социјалните мрежи со емотивна порака им се заблагодари на сите за специјалната посвета.

Честитам „лејкерси“ за титулата. Честито вујки Пи (Роб Пелинк – генералниот директор) и сите кои мислите на нашата фамилија. Жалам и вистинска штета е што Коби и Џиџи не можат да го видат ова. – напиша Ванеса.

Легендата на „езерџиите“ во јануари оваа година во хеликоптерска несреќа го загуби животот. Во хеликоптерот кој се сруши во близина на Лос Анџелес беше неговата ќерка Џиџи и уште седум други членови. Сите починаа на лице место.