Ван Дајк може мирно да спие: Фабињо на неверојатен начин го спаси Ливерпул

17

Фудбалерите на Ливерпул синоќа триумфираа со 1-0 против Ајакс во Амстердам во првото коло од групната фаза од Лигата на шампиони.

„Црвените“ победничкиот гол го постигнаа во првото полувреме, кога сопствената мрежа ја погоди Таљафико.

Сепак, Ајакс имаше многу шанси до крајот кои не ги искористи. А една од нив беше во самиот финиш на првото полувреме, кога Тадиќ го лобуваше Адријан, но Фабињо реагираше неверојатно и спаси чист погодок од гол-линијата.