Ван Дајк: Ова беше навистина тешка, но заслужена победа над Интер

9

Вирџил Ван Дајк беше избран за играч на натпреварот против Интер во триумфот на Ливерпул од 0-2 во првиот осминафинален натпревар во Лигата на шампионите. Холанѓанецот одново ја координираше одбраната до перфекција, не дозволи премногу шанси за Интер и беше круцијален дел од тимот.

По победата, Ван Дајк призна дека е задоволен и смета дека резултатот е заслужен.

„Ова беше навистина тешко гостување. Интер е добар тим, со добар систем кој е тешко да се скрши. Прекините беа повторно многу важни. Одигравме солидно и имаме добар резултат во пресрет на реваншот.

Интер одигра добро во дефанзива. Ова беше навистина тешка, но заслужена победа според мене. Ќе биде исто така тешко и во Ливерпул. Очекувавме да бидеме под притисок, а задоволен сум од перформансот и „чистата мрежа““, изјави Ван Дајк.

Реванш натпреварот во Ливерпул на „Енфилд“ е закажан за осми март, а „црвените“ на Клоп ќе бидат во одлична позиција во однос на ривалот.