Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Ја сакате ли воопшто титула?

4

По елиминацијата од Аталанта во четвртфиналето на Лига Европа, избраниците на Јирген Клоп загубија чекор зад Арсенал и Манчестер Сити во трката за титулата во Премиер лигата на четири кола пред крајот. Од можни четири трофеи веројатно ќе завршат само со еден во англискиот Лига куп.

Арсенал има три бода предност, Сити има два меча помалку, но и бод помалку од Ливерпул и сите на Островот, вклучувајќи го и Јирген Клоп, им е јасно дека ништо не зависи од нив.

Капитенот Вирџил Ван Дијк не го криеше разочарувањето во тимот и соиграчите.

„Дали тие навистина сакаат да ја освојат титулата? Ако играте ваков натпревар, не добивате ниту еден дуел тогаш немаме шанси да ја освоиме титулата. Многу сум разочаран, секој мора да се погледне во огледало и да го погледне својот настап против Евертон и да размисли дали дал се од себе. Очигледно е дека мора да играме подобро против екипи кои се борат за опстанок. Ако играме како против Евертон, немаме шанси да се сметаме за кандидат за титулата, изјави капитенот на Ливерпул.