Вардарци заминаа за Брест, ситуацијата со повредите се подобрува

11

Вардар во сабота му гостува на Мешков Брест во нов натпревар од Лигата на шампионите, здравствениот билтен е подобар од претходните дуели иако уште не е јасно кои се ќе биде подготвен за игра.

Вардар во сабота му гостува на Мешков Брест во нов натпревар од Лигата на шампионите, здравствениот билтен е подобар од претходните дуели иако уште не е јасно кои се ќе биде подготвен за игра.

Вардар со 17 ракометари тргна кон Брест каде што треба да го игра натпреварот од 9. коло во Лигата на шампионите.

Во минатите два натпревари Кокшаров експериментираше во нападот поради проблеми со повреди на бековските позиции, Иван Чипиќ и Дибиров добија нови улоги поради отсуството на вистинските бекови.

Во Скопје остана само Сергеј Горбок поради повреда. Во составот се Криштопанс, Дисингер и Атман, но кој и колку ќе може да игра ќе се знае дури пред натпреварот. Со екипата заминаа и младите Кизиќ, Карапалевски и Кукуловски.

Вардар во моментов е на петтото место на табелата во Б групата со девет осовени бода. Европскиот шампион на последните пет меча има само еден триумф, па целта во Брест е да се врати на победничките патеки.

Натпреварот се игра во сабота со почеток од 17:30 часот.