Вардар без Тото и Моралес против Пик Сегед

6

Ракометниот шампион на Македонија, Вардар вечерва ќе му гостува на Пик Сегед во натпревар од 7. коло во Лигата на шампионите. Веселин Вујовиќ ги одбра ракометарите со кои ќе му се спротистави на унгарскиот тим.

Во тимот нема да бидат Жереми Тото и Жоел Куни Моралес. Жереми Тото пред некој ден беше промовиран како нов играч на Нант, што значи дека по една година ќе го напушти македонскиот шампион.

Натпреварот кој ќе се игра во Сегедин е со почеток во 18.45 часот.