Вархеји очекува одлука за старт на преговорите во наредните недели

10

Европската Комисијата стои цврсто на своите препораки за отворање на пристапните преговори со Северна Македонија и Албанија, и се надевам дека земјите-членки ќе донесат позитивна одлука во наредните недели, порача еврокомесарот за проширување на Оливер Вархеји по објавувањето на извештаите за напредокот на двете земји.

– По усвојувањето на ревидираната методологија во февруари, денеска ги презентираме нашите ажурирани извешати за Албанија и Северна Македонија. Тие покажуваат дека земјите ја засилиле својата работа и испорачале дополнителни опипливи и одржливи резултати во клучните области утврдени во заклучоците на Советот од јуни 2018 година, вели Вархеји и нагласува според ЕК исполнети се критериумите за старт на пристапните преговори.

Извештаите објавени денеска го поздравуваат напредокот во двете земји. За Северна Македонија, ЕК смета дека земјата презела значајни чекори за зајакнување на независноста на судството и борбата против корупцијата, и остварила напредок во реформата на разузнавачките служби и јавната администрација.