Вархеји со нови критики за ВМРО-ДПМНЕ: Време е за отрезнување, опозицијата ги премина црвените линии

9

Според Вархеји, постојат многу јасни граници за европскиот начин на водење политика, многу јасни граници за цивилизираната политика, но неговата проценка е дека многу од тие црвени линии биле преминати од опозицијата.

„Ова е момент за отрезнување за Северна Македонија, но и за опозицијата. Палењето документи во пленарната сала, туркањето на луѓето кон насилство и поттикнувањето омраза не носат ништо, само штета“, порача еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји, кој во интервју за „Еуроактив“ го критикува односот на македонската опозиција кон францускиот предлог и процесот на приближување на земјата кон ЕУ.

Според него, постојат многу јасни граници за европскиот начин на водење политика, многу јасни граници за цивилизираната политика, но неговата проценка е дека многу од тие црвени линии беа поминати од опозицијата.

„Еуроактив“ наведува дека по решавањето на долгогодишниот спор на Северна Македонија со Бугарија, Албанија ги започна преговорите, додека за Скопје дел од процесот ќе биде и вклучување на Бугарите во Уставот меѓу останатите нации, за што е потребен консензус во Собранието, кој во моментов го нема. „Ова ја поттикна националистичката опозиција со денови да организира протести во Скопје, за кои Вархеји оценува дека биле поминати црвените линии. Како пример, тој го наведува и тоа што листови хартија со францускиот предлог беа палени на собраниската говорница од страна на пратеници на опозицијата“, се наведува во текстот.

Запрашан дали гледа ризик од натамошни пречки на патот, Вархеји вели дека целта е да се создадат „јасни, правични и транспарентни критериуми кои можат да го променат негативниот став на двете страни“.

Во исто време, тој посочува дека „Албанија покажа вистинска солидарност со Северна Македонија и зрелост во разбирањето дека земјите-членки (на ЕУ, н.з.) сакаат двете земји да одат напред“, но додава дека Албанија сега може да продолжи сама.

Палењето документи во пленарна сала, туркањето на луѓето во насилство и поттикнувањето омраза не носат ништо, само штета, вели Вархеји

„Целиот процес на проширување е заснован на заслуги, а сега трката е во тек, кој и да испорача прв, треба да има право да се приклучи прв“, појаснува Вархеји.

Еврокомесарот во разговорот со „Еуроактив“ оценува и дека руската војна против Украина ја отрезнила дебата околу процесот на проширување на ЕУ и ја покажала потребата за забрзување на процедурите. Покрај отворањето на преговорите со Северна Македонија и Албанија, околу прашањето за проширување ЕК претходно им додели кандидатски статус на Украина и Молдавија, а ваквите поместувања, според Вархеји, можеби се и единственото добро од војната.