Вархеји: Треба да видиме резултати за да имаме што да им презентираме на другите земји-членки на ЕУ

28

На новинарско прашање за проблемот помеѓу Македонија и Бугарија, еврокомесарот Оливер Вархеји истакна дека во интерес и на Бугарија и на Северна Македонија е да најдат решение за прашањата без да се рашират недоразбирањата.

Вчера Европската комисија ги објави двата многу важни документи за европската иднина на Северна Македонија. Годишниот пакет за проширување имав чест да ми биде предаден денеска лично од европкомесарот Оливер Вархеји. Годишните пакети на ЕК имаат посебно значење затоа што се објавуваат во амбиент на зајакнато внимание во процесот на проширување на ЕУ. Ова се случува во период кога го очекуваме одржувањето на првата меѓувадинае конференција меѓу Северна Македонија и Европската Унија до крајот на годинава во рамките на германското претседателство, рече премиерот Зоран Заев на денешната заедничка прес-конференција со еврокомесарот Оливер Вархеји.

– Целиот пакет документи се придонес кон создавање сигурен политички момент за уште еден конечен исчекор за европската агенда на нашата земја и влегување во нова повисока фазса во остварување на нашата стратешка цел – членството во ЕУ. Извештајот дава јасна слика за состојбите во земјава. Ги нотира областеите каде што е забележан напредок, како и областите каде што треба да се вложат дополнителни напори за нивно усогласување со европските стандарди. Во таа насока оди и нашата благодарност за укажувањата во извештајот на ЕК. Таму се наведува дека земјава во голем број области достигнува високо ниво на усогласеност со европското законодавство и се препорачува имплемнентација и испорака на уште поголеми резултати. Тука се и изборите, судството, борбата против корупцијата, па може да се заклучи дека земјата е на добар пат – рече Заев.

Тој посочи дека инвестицискиот план е од голема важност за развој на приватниот сектор, транспротот и енергетското поврзување, дигитализацијата и зелената агенда.

– Дозволете ми посебно да го издвојам исклучително важниот економски и инвестициски план за Западен Балкан за кој комесарот има најголема заслуга. Сме благодарни сите наши граѓани. Овој инвестициски план е голема важност за развој на приватниот сектор, транспортот и енергетското приврзување, дигитализацијсата, зелената агенда. Ова е исполнување на сонот и вистинска мотивација да испорачаме уште подобри резултати во следниот период. Вчера легнаа 80 милиони евра во Буџетот на Северна Македонија, а останатите 80 милиони евра ќе пристигнат во претстојниот период. Солидарноста на ЕУ е прикажана на дело – истакна Заев.

– Ангажирани сме да го зајакнеме проширувањето со тоа што пред сè имаме нова методологија. Второ, постигнуваме договор со другите земји-членки за почеток на прегоорите со вашата земја. И трето, многу важна ногарка на столчето е инвестицискиот и економскиот план. Тоа може да биде поттик за економијата во Западен Балкан, како и за заздравување од кризата. Мислам дека ЕУ е многу важна за Северна македонија, но и за целиот регион. Се обидовме да ги чуеме сите идеи за тоа во кои области може најмногу да се придонесе за заздравување на економијата на брз начин. Тоа што го гледате е резултат на нашата мала анкета и она што ние го имаме е понуда за вашата земја. Треба да видиме дека се работи на борбата против корупцијата, владеењето на правото и сите закони, во судството, во јавното обвинителство. Потребно е да видиме резултати за да можеме и ние да ја презентираме вашата посветеност пред другите земји-членки на ЕУ. Сите овие проекти можат да ги намалат вашите емисии за 60 отсто и да го намалите смогот од кој луѓето се крајно разочарани. Мојата последна точка е тоа што досега не сме обраќале доволно внимание на ромската заедница, особено кога се работи за нивно вклучување на пазарот на трудот. Мислам дека постои голем потенцијал во поглед на нивниот проидонес кон економијата – рече Вархеји.

На новинарско прашање за проблемот помеѓу Македонија и Бугарија, еврокомесарот Оливер Вархеји истакна дека во интерес и на Бугарија и на Северна Македонија е да најдат решение за прашањата без да се рашират недоразбирањата.

– Мислам дека ова е моментот да се постигне договор. Јас гледам спремност кај двајцата премиери и се надевам дека ќе успеат да најдат решение. Ако можеме ние да помогнеме, тогаш ќе помогнеме. Јас не би драматизирал многу околу прашањето, но сепак, тоа е сериозно прашање – посочи Вархеји.