Вајлдер со нокаут го победи Ортиз и ја одбрани титулата (ВИДЕО)

13

Американскиот боксер Дионтеј Вајлдер десети пат по ред ја одбрани титулата во супертешка категорија, овој пат го нокаутираше предизвикувачот Луис Ортиз.

Вајлдер кој во 2015 година ја освои титулата во ВБЦ верзијата, оттогаш не знае за пораз, последен кој настрада од него е Луис Ортиз.

Вајлдер ги загуби сите претходни шест рунди, но во седмата извади удари со кој го легна Ориз на земјата. Само еден удар го заврши нивниот римеч.

https://www.youtube.com/watch?v=u_BUUmgZN2w&feature=emb_title

Следен меч за Вајлдер е дуелот со Тајсон Фјури во февруари, а потоа сака некој од Ентони Џошуа или Енди Руиз со цел да ги обедини сите титули во тешка категорија.

„Реваншот со Фјури е следниот меч, тој е договорен за февруари. Потоа треба да следи обединувачки меч за сите титули, сакам да има само еден шампион. Тешката категорија е многу тесна за толку многу шампиони, сакам да има само еден шампион, само едно лице, едно име, и тоа да биде Дионтеј Вајлдер“, изјави американскиот боксер.

Следниот голем боксерски меч е на 7 декември, тогаш Ентони Џошуа планира да си ги врати ИБФ, ВБА и ВБО титулите од Енди Руиз.