Венгер се враќа во фудбалот – на тотално неочекувана позиција!?

7

Холандската репрезентација остана без селектор откако Роналд Куман одлучи да го напушти кормилото и да ја преземе Барселона во најтешките моменти во поновата историја.

Никој не го разбере неговиот потег бидејќи со „лалињата“ имаше обезбеден пласман на Европското првенство идната година, но возрасен човек сам носи одлуки. Холанѓаните имаат кратко време да најдат замена за него бидејќи за неполни три недели ги очекува стартот на Лигата на нации и дуелите со Полска и Италија на 4 и 7 септември.

Веќе почна лицитацијата со можни наследници на Куман, но едно име го привлече вниманието на љубителите на фудбалот. Станува збор за поранешниот менаџер на Арсенал, Арсен Венгер кој, според информациите, сам се предложил за селектор на Холандија. Сепак, се чини дека неговите шанси се мали бидејќи од Федерацијата инсистираат новиот селектор да биде Холанѓанец, е на странец.

Наводно, прв фаворит е Луис ван Гал кого буквално го молат да ја прекине пензијата и да се врати на тренерската работа. Ако тој, сепак, ја одбие понудата, во конкуренција се Ерик Тен Хаг, актуелниот тренер на Ајакс и Петер Бош, предводникот на Баер Леверкузен.