Венко Филипче за Black Friday: Секој од нас треба да ги промени навиките

50

Министерот за здравство Венко Филипче порача дека граѓаните треба да бидат трпеливи и да ги променат своите навики, по големиот број на негативни коментари вчера на социјалните мрежи по фотографиите од шопинг-центрите за време на Black Friday.

– Секој треба да биде трпелив. Секој во нас да ги промени своите навики. Треба да се почитуваат мерките, бидејќи нема другуи. Секаде е така во светот. Во таа смисла, на секаде има протоколи и забрането е групирањето, рече Филипче денеска на заедничката прес-конференција со прилепскиот градоначалник Илија Јованоски.

Министерот додаде дека неколку недели по ред е еднаков бројот на случаи и кривата е сериозно зарамнета, а за тоа, според него, придонело почитувањето на мерките.

– Вирусот сепак е непредвидлив, широко е распространета локалната трансмисија. Сега ќе доаѓаат празници и слави и да нема семејни собири. Да се почитуваат препораките и во смисла на тоа да не се излегува од дома без некоја поголема потреба, наведе Филипче.

За Прилеп, рече дека пациентите се сместени во пет одделенија и има доволно лекари и медицински сестри, кои се целосно мобилизирани.

Градоначалникот Јованоски додаде дека Инфективното одделение работи со намален капацитет поради поголем број на заболени од персоналот.