Весна Бејби Петрушевска: Кога ќе се фрлам во Вардар, ЕВН нека ме вадат од вода

31

Актерката Весна Бејби Петрушевска на својот ФБ профил објави видео во кое ги искоментира сметките за струја која ги добила.

„Слушам се жалите за сметки за струја, епа да ви кажам мене едната ми е 14.000, другата ми е 18.000. Знаете кога друг пат ќе одам да им ги вадам сметките од вода? Па кога ќе се фрлам јас во Вардар, па они нека ме вадат, ЕВН од вода од Вардар. Стварно се ненормални. Значи 18.000 сметка за струја кога ќе ви стигне, прво не знаеш дали да седнаш на столче… абе прво не можеш да го најдеш столчето… а второ, кога ќе го најдеш, си викаш… пффф, мора да платиш… рекетари едни”.