Ветеринарите спасиле куче на милионер од сигурна смрт, а тој им се оддолжил на неверојатен начин

6

Дејвид Мекнил, основач на компанијата “WeatherTech” во знак на благодарност кон ветеринарите кои го излекувале неговото куче од рак, им платил реклама на Супер Боул. Рекламата го чинела околу 6 милиони долари.

Наместо како знак на благодарност да им ги уплати тие пари, Дејвид рекол дека сака гледачите да ја поддржат работата на болницата со своите донации.

Кучето со име Скаут кое се лекува од рак во Школата за ветеринарна медицина при универзитетот во Висконсин ќе ја има главната улога во рекламата.

Во 2019 година на Скаут му бил дијагностициран тумор на срцето односно агресивен карцином на ѕидовите на крвните садови. Прогнозата не била добра, а на неговиот сопственик му кажале дека му преостанува помалку од еден месец живот.

“Откако ја дознавме дијагнозата, се вративме дома. Скаут стоеше во аголот од собата и весело мавташе со својата опашка. Во тој момент помислив дека нема шанси да го успијам своето куче. Едноставно не сакав”, изјавил Мекнил.

Скаут бил однсен во болницата при универзитетот каде веднаш бил подложен на хемотерапија и зрачење. Еден месец подоцна, неговиот тумор се намалил за околу 78 отсто, а потоа и за 90 отсто. Денес Скаут е речиси целосно здраво куче.

“Скаут е совршен пациент бидејќи добро поднесува повеќе начини на терапија. Неговиот примарен тумор добро реагираше на лекувањето, а успеавме да го одржиме неговиот квалитет на живот на многу високо ниво”, изјавил Дејвид Вејл, онкологот кој го лекувал.

Со тоа, милионерот заедно со својата компанија “WeatherTech” одлучил да ја прослави втората шанса за живот на Скаут во реклама за Супер Боул, заедно со докторите кои му го спасиле животот.

“Воодушевени сме што можеме да споделиме со гледачите на Супер Боул како нашата професија ги менува животите како на Скаут”, раскажал Марк Маркел, декан на Ветеринарната школа.