Вечерва протестот „Ултиматум – Не благодарам!“ по старата рута: Влада – МНР – Собрание

1

И вечерва протест под мотото „Ултиматум – Не благодарам!“. Предвидено е протестниот марш да се врати на старата маршрута, од Владата преку Министерството за надворешни работи до Собранието.

Организаторите соопштија дека ќе протестираат пред МНР за да му дадат поддршка на претседателот на македонскиот дипломатски синдикат, Зоран Дабиќ кој бил суспендиран.

„Зоран Дабиќ претседателот на македонскиот дипломатски синдикат кој се обрати пред Собранието и кажа дека предлогот е фијаско на дипломатијата на Бујар Османи, беше експресно суспендиран од работа по теркот на манирите во Северна Кореја. Затоа денес ќе протестираме и пред МНР, а собирното место е Влада во 19 часот, преку Мавровка до МНР, по што протестот ќе заврши пред Собранието.“, се вели во дописот од организаторите.

Апелираат на мирно и достоинствено протестирање и бараат од МВР да обезбедат протоколи за да нема инциденти како минатата недела.