Авион на „Ер Индија експрес“ со 191 патник од Дубаи се излизга од пистата и се преполови на аеродромот „Кожикоде“ во Керала, Индија. Според првичните информации, загинале пилотот и двајца патници.
Медиумите јавуваат дека се повредени 40-тина патници.
Авионот се подготвувал да слета кога се случила несреќата. Откако ја промашил пистата, авионот се скршил на неколку дела. Инцидентот се случил во услови на многу силни врнежи од дожд во областа.
Dubai Kozhikode Air India Express flight crashes 190 people on board ! pic.twitter.com/xFNbqkWaw6
— Neeta Sharma (@NEETAS11) August 7, 2020
Една локална телевизија соопшти дека многу патници се примени во болница со повреди и дека, за среќа, авионот не се запалил.
Авионот „Ер Индија експрес“ наводно паднал во теснец длабок 9 метри додека слетувал на аеродромот „Карипур“ во Кожикоде.
На снимките кои се појавија на социјалните мрежи се гледа дека авионот е преполовен.