ВИДЕО: Адвокатот на Трамп се „стопи“ на прес, од потта и фарбата му потече низ лицето

93

Адвокатот на Доналд Трамп и поранешен градоначалник на Њујорк, Руди Џулијани синоќа одржа говор кој требаше да открие докази за масовна кражба на гласови на американските претседателски избори. Но нешто друго забележаа гледачите.

Џулијани во текот на тој говор го цитираше Џое Пеши од филмот „Мојот роднина Вини“ и тврдеше дека имал стотина докази за кои се заколна дека нема да ги подели зошто во опасност така ќе ги доведе животите на сведоците.

Во текот на говорот Џулијано толку многу се потеше што фоторепортерите забележаа како низ лицето му тече боја за коса иако често го бришеше лицето. Корисниците на социјалните мрежи го искористија овој момент за да се шегуваат на сметка на поранешниот градоначалник на Њујорк.

Тој во текот на пред конференцијата изјави дека неговиот правен тим утврдил дека не станува збор за поедниечки случаи на манипулации туку дека тој образец се повторувал во многу држави, посебно во градовите каде демократите се на чело.

– Зборувам за масовна измама – рече Џулијани во Капитол Хил во присуство на другите членови од правниот тим на Трамп, додавајќи дека тоа се случило во Пенсилванија, Мичиген, Висконсин и Аризона, а можеби и во Ново Мексико.