(Видео) Бродот со 5,7 тони кокаин и црногорски поморци го гасел сигналот при пловидбата, објавени снимки од апсењето

8

Се проценува дека 5,7 тони кокаин, колку што засега се пронајдени на товарниот брод „Ареса“ во водите на Аруба, а на кој беа уапсени црногорски државјани, вреди вртоглави 250 милиони евра, а бројот на уапсени сега се искачи на 11, пренесуваат црногорските медиуми.

На веб-страницата Флетмон, која ги следи товарните бродови, се наведува дека бродот кој пловел под знаме на Камерун испловил од Суринам. Сепак, според пишувањата на тамошните медиуми, истражителите забележале дека „Ареса“ од Суринам го изгаснал сигналот и дека се појавил на системот на 23 февруари, во текот на ноќта, во Заливот на Венецуела, пренесува црногорски „Вијести“.

Mas cu 5000 kilo di droga confisca y 10 Europeo deteni riba barco Aress

Mas cu 5000 kilo di droga confisca y 10 Europeo deteni riba barco Aress

Publiée par 24ora sur Mardi 25 février 2020

За сето тоа време, безбедносните служби на повеќе држави го следеле движењето на бродот. Кога испловил од Венецуела и се упатил кон островот Аруба тамошните власти го пресретнале и го придружувале до пристаништето каде што почнало „чешлањето“ на бродот.

Прво, откриен беше еден тон кокаин и беа уапсени четири лица од Црна Гора, поточно од Котор и Бар, но бројот на уапсените и количината на запленетата дрога постојано растеше.