(Видео) Граѓаните на Косовска Митровица му го честитаа роденденот на Вучиќ

6

Граѓаните на Косовска Митровица му го честитаа 50-от роденден на српскиот претседател Александар Вучиќ на необичен начин, пренесе порталот „Косово онлајн“.

Тие синоќа, во чест на Вучиќ со факели го испалија бројот 50 и видеото го објавија на Јутјуб.

Претседателот на Србија, инаку, денеска полни 50 години.