Видео: Девојчето доби банана на подарок, нејзината реакција е непроценлива

10

Американскиот пејач, актер и продуцент Џон Роџер Стивенс, се обиде да ја „зезне“ својата ќерка давајќи и банана спакувана во шарена хартија како подарок за Божиќ.

Но нејзината реакција беше позитивна и преслатка а видеото на кое таа го отпакува подарокот стана хит на социјалните мрежи.

-Се обидов да и дадам најлош можен подарок кој може да го замисли и воопшто не се надевав на ваква реакција, вели Џон Роџер Стивенс.