ВИДЕО: Дончиќ истуркан во публиката по еден конфликт со Крис

63

Лука Дончиќ повторно е во центарот на вниманието на кошаркарската јавност, откако ноќва запиша нов „трипл-дабл“ против Голден Стејт Вориорс, но учествуваше и во еден инцидент со Маркиз Крис.

При една борба за топка, Крис и Дончиќ влегоа во конфликт, по што домашниот кошаркар го турна словенечкиот ас, кој падна во првите редови од трибините. Дончиќ веднаш стана и сакаше да се пресмета со Крис, но судиите спречија поголем инцидент.

Конфликтот меѓу Крис и Дончиќ не беше единствен на овој натпревар, а за тоа се потрудија Грин и Порзингис.
На крај, Далас Маверикс оствари убедлива победа од 121-141, а Дончиќ запиша 31 поен, 12 скока и 15 асистенции.