(Видео) До 40 см снег во делови од Америка

5

Зимската бура која во понеделникот со силни снежни врнежи и силен ветар зафати делови од источниот брег на САД, донесе и до 40 ссм снег.

Поради тоа сојузните служби и училиштата сопреа со работа, а дојде и до одлагање на летови и исклучување струја за голем број домаќинства.

Нацуоналната метеоролошка служба најави 12 до 25 см снег и ветришта до 64 километри на час, во текот на првата снежна бура во тој дел од Америка сезонава, пренесе Ројтерс.

Од Северна Каролина до Њу Џеси. Националната метеоролошка служба извести дека во главниот град Вашингтон паднале 21,59 см снег, 22,86 см во источно Тенеси, 37 см во Вирџинија и 39,37 см во Мериленд.

„Кога зборуваме за високо населени подрачја, зголемувањето на снегот станува проблем“, рече Остин Менсфилд, нетеоролог во Националната служба од која е соопштено дека зимслата бура попушта.