Видео: Драган Бјелогрлиќ приведен поради напад на српски режисер

2

Српскиот актер, режисер и продуцент Драган Бјелогрлиќ во хотел во Ниш рано утрово го нападнал и претепал режисерот Предраг Антониевиќ.

По инцидентот во хотелот Амбасадор во Ниш, Бјелогрлиќ е приведен во полиција.

Според српските медиуми Бјелогрлиќ од ззад грб му пришол на Антониевиќ и го нападнал.

Бјелогрлиќ по приведувањето во полиција бил тестиран на наркотици за да се утврди дали во моментот на нападот бил под дејство на опијати, пренесуваат српските медиуми.

Според Новости, на Бјелогрлиќ му е одреден пристов во траење од 48 часа поради насилничко однесување.

Предраг Гага Антониевиќ инаку е режисер на филмот „Дара од Јасеновац“ , тој пред извесен период јавно го обвинил Бјелогрлиќ дека на почетокот на 2016 година му нудел мито за да го поддржи неговиот филм „Есен на самурајот“.

Видеото погледнете го тука.