ВИДЕО: ЕХФ му се поклонува на Кире Лазаров, па од што е направен овој човек?!

16

Македонскиот најдобар ракометар, а од скоро и селектор на репрезентацијата, Кире Лазаров со неговите 40 години ги воодушевува ракометните фанови во Европа. Воодушевени се и од ЕХФ, кој за него зборуваат со суперлативи. Објавено е и видео во кое Лазаров е наречен икона, во кое стигнуваат големи пофалби.

Иако неговиот тим Нант на првиот меч загуби од Киелце, сепак на реваншот со фантастична игра успеаја да го совладаат противникот со 34:31 и со вкупни 58:56 го елиминираа силниот полски тим. Последните десетина минути од овој меч Лазаров го покажа целиот свој раскож, целата своја моќ и знаење во ракометот. Иако не беше единсвениот херој на Нант, сепак со неговите 40 години одржа лекција по ракомет на многу помлади ракометари. Мечот нашиот Лазаров го заврши со 4 голови и пет асистенции. Дуелот против Киелце за него беше 250-ти меч во кариерата во ЛШ, со што стана рекордер по бројот на настапи во ова натпреварување.

Со оглед на тоа дека од Франција стигнаа најави дека Лазаров нема да се пензионира по завршувањето на оваа сезона како што беше најавувано, односно дека ќе се обиде да одигра уште една сезона, со цел да остане во форма за да може да му помогне на националниот тим на ЕП 2022 во јануари, низата на неговите настапи во ЛШ и голови сигурно ќе продолжи.

Многу портали специјализирани за ракометот во извештајот за мечот Нант-Киелце едноставно прашаа од што е направен Кире Лазаров?
Видеото погледнете го тука.