(Видео) Заев: Парламентот може да го одложи распуштањето ако има блокирање на законски решенија

43

Одговарајќи на новинарски прашања околу Законот за јавно обвинителство претседателот на СДСМ Зоран Заев, истакна дека во конченото законско решение опфатени се предлозите што произлегоа од работните групи и рече оти очекува Законот да влезе во собраниска процедура.

Заев нагласи дека се прави сè за Собранието да работи во полн состав за да може да се обезбеди потребното двотретинско мнозинство, за законот, кој, како што вели е важен за европската перспектива на земјава.

„Парламентот може да го одложи распуштањето ако некој се обиде да направи ‘филибастеринг’ или блокирање на одредени законски решенија. Но секако на 12 февруари се распишуваат изборите и верувам претседателот Талат Џафери ќе го направи тоа, за да нема дилеми дека изборите се на 12 април. Сепак, верувам дека ги отстранивме сите можности за блокирање преку амандмани со тоа што правевме напори сите заедно да разговараме уште пред усвојувањето на законот на Влада“, заклучи Заев.

Тој испрати директна покана до Христијан Мицкоски и повик до ВМРО-ДПМНЕ да учествуваат во овој закон, затоа што, како што кажа, сè што барале во овој период низ разговорите кои се водат две години е веќе вградено.

„Денеска сите ќе ја видат конечната верзија на Законот, со вградени предлози на сите пратенички групи и согласно тоа тие ќе се изјаснат, имаме предвидени три дена за дебата и верувам дека пратеникот Артан Груби како претседател на надлежната комисија уште утре ќе ја свика дебатата“, истакна лидерот на СДСМ и додаде дека во соработка со стручните луѓе од Делегацијата на ЕУ и американската амбасада, создадено е решение кое навистина заслужува консензус.

©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

ПОВРЗАНИ АРТИКЛИ:
ПРЕТХОДНО(Видео) Арсовски: Двајца блиски соработници на Заев биле на високи позиции во Дрисла изминативе две години
БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА И…
МАКЕДОНИЈА(Видео) Арсовски: Двајца блиски соработници на Заев биле на високи позиции во Дрисла изминативе две годиниОбјавено пред 36 минути – 9 февруари, 2020Од Макфакс
Лицемерно е во време кога СДСМ ја губи поддршката од граѓаните и драстично паѓа на рејтинг, да измислуваат и поврзуваат непостоечки случаи и скандали со ВМРО-ДПМНЕ, рече на прес-конференција партискиот портпарол, Димче Арсовски, зборувајќи за случајот со третманот на медицинскиот отпад.

Како што вели тој, реалноста е сосема поинаква, а фирмата која изминатиов период е во фокусот на јавноста – „Еко клуб“, од Владата на Заев и СДСМ, односно од државните институции, земала над 130 милиони денари за само една година.

„Тоа се над 60 склучени договори за тендери од државните институции. Нема човек во државава кој не знае дека секој еден тендер што се доделува, директно е запознаен и одобрен од Зоран Заев или од некој негов близок во Владата или во СДСМ“, нагласи партискиот портпарол.

Тој исто така посочи и дека член и функционер на СДСМ, Драги Давчевски претходните 2 години е еден од клучните директори во Дрисла, како и дека друг близок пријател на Зоран Заев од Струмица, до пред половина година бил еден од клучните луѓе во италијанската компанија во Дрисла.

„Очигледни се намерите на Зоран Заев и Владата личниот неуспех и личниот скандал да го префрлат на грбот на ВМРО-ДПМНЕ, но за жал не им успеа. Граѓаните се свесни кој е виновен за целиот скандал и веќе ја знаат вистината за медицинскиот отпад“, порача Арсовски додавајќи дека очигледно бизнисот на Заеви и на СДСМ е ставен пред здравјето на граѓаните.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ…МАКЕДОНИЈАДимитров бара Собранието да ја разреши МизрахиОбјавено пред 3 часа – 9 февруари, 2020Од Маја Илиевска-Пачемска
Министерот за надворешни работи Никола Димитров му сугерира на премиерот во техничката Влада, Оливер Спасовски да предложи до Собранието разрешување на техничката министерска за труд и социјална работа, Рашела Мизрахи, по отстранувањето на таблата со уставното име на институцијата.

„Доколку министерката Мизрахи веднаш своето делување не го врати на линија и во рамките на Уставот, му сугерирам на претседателот на Владата, Оливер Спасовски, да предложи нејзино разрешување до Собранието. Укажувам дека во нејзиното делување има и елементи што можат да повлечат кривична одговорност по член 353 и член 390 од Кривичниот законик, но тоа е веќе работа во деолкруг на други државни органи“, рече денес министерот Димитров.

Министерството за надворешни работи за настанот ги информирало меѓународните партнери на Северна Македонија, а во меѓувреме добиле и вербална нота од Грција во која стои „Ова претставува грубо прекршување на член 13, а и член седум од Договорот од Преспа, и доаѓа по повторени прекршувања на овој договор од страна на министерот за труд и социјална политика и министерот за внатрешни работи. Амбасадата го посочува на внимание од Министерството фактот дека Договорот од Преспа кој што претставува стожер на односите меѓу Грција и Северна Македонија и кој го овозможува влезот на Северна Македонија во НАТО Алијансата и нејзината кандидатура за отворање на преговорите за пристапување кон ЕУ со полна и активна поддршка од Грција, мора да биде доследно и постојано почитуван“.

Димитров смета дека е премногу да очекува од министерката Мизрахи да го разбере историското значење на Преспанскиот договор за афирмација на македонскиот идентите,т за заокружување на државноста во Обединетите нации, за зачленувањето во НАТО и за започнување пристапни преговори со ЕУ, но нагласи дека таа е должна да ја разбере сопствената заклетва потпишана во Собранието и сопствената функција, министер за труд и социјала во една техничка Влада и да разбере што значи Устав на една држава оти флагрантното кршење на Уставот повлекува полтичка и правна одговорност.

Тој јавно ја потсети министерката Мизрахи дека нејзина обврска во техничката Влада е да внимава да нема злоупотреби во нејзиниот ресор во контекст на организирање фер и демократски избори.

„Наместо тоа, таа со овој чин не само што го згази Уставот, туку го прекрши и Законот за ратификација на преспанскиот договор, ги проблематизира односите со соседна Грција, создаде проблеми во реализација на дводецениските стратешки цели на татковината – членство во НАТО и во Европската Унија. Државата нема да дозволи ваква инфантилност. Министерството за труд и социјална политика не е нејзин приватен стан, како што Уставот не е обично парче хартија. На министерката може да не и се допаѓа Уставот или договорот од Преспа, но тоа не и дава право да не ги применува. Без начелото на уставност и законитост од државата нема да ни остане ништо. И мене не ми се допаѓа проектот ‘Скопје 2014’ но одам на работа во МНР“, рече министерот Димитров.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ…МАКЕДОНИЈАЕвропратеници на средба со раководството на СДСМ: Лесно е да се заложиме за вас кога сте позитивен примерОбјавено пред 3 часа – 9 февруари, 2020Од Макфакс
Лесно е да се заложиме за вас кога сте позитивен пример, изјавиле европратениците Тања Фајон и Тонино Пицула на средбата со претседателот на СДСМ, Зоран Заев и заменик претседателката Радмила Шеќеринска, која се одржа во рамките на регионалната конференција „Еден Балкан кон ЕУ“ во Скопје.

Како што информираат од СДСМ, двајцата европратеници сметаат дека Република Северна Македонија е сонце во регионот и веруваат дека новата методологија е позитивна за земјата.

Во рамките на регионалната конференција Заев и Шеќеринска одржале средба и со Кнут Флекенштајн од Партијата на европски социјалисти, кој истакнал дека за почит е работата на Владата предводена од СДСМ.

„Покрај решавањето на отворените прашања со соседите, интензивно се работи на реформи кои се во интерес на граѓаните, како раст на минималната плата“, нагласил Флекенштајн.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ…

НАЈНОВО
СВЕТ2 часаБројот на загинати од масакрот во Тајланд се зголеми на 30

МАКЕДОНИЈА3 часаДимитров бара Собранието да ја разреши Мизрахи

ТОП5 часаТешко повредено дете од Куманово – паднало од силос при обид да направи фотографија

СВЕТ5 часаСедумдесет заразени од коронавирус на крузерот во Јапонија, на кој има и македонски државјани

РЕГИОН6 часаБританката која како итен случај беше примена на клиниката во Приштина нема коронавирус

ЕВРОПА20 часаПетмина Британци заразени од коронавирус во француски ски-центар, затворени две локални училишта

МАКЕДОНИЈА1 денМицкоски со пакет мерки за граѓани и бизнисот: Повисоки просечни плати за 25% , пензии за 20 отсто

ТОП1 денСкопјанец загина од струен удар, се качил на цистерна со нафта

СПОРТ1 денФедерер не сака за замине во пензија иако наскоро ќе наполни 39 години

СВЕТ1 денУбијците и силувачите на деца јавно ќе бидат обесени во Пакистан

СВЕТ1 денВидео реконструкција за падот на хеликоптерот во кој загина Коби Брајант

СВЕТ1 ден(Видео) Осуммина загинати и 40 повредени во судири во јужен Казахстан

СВЕТ1 денПолковникот кој сведочеше против Трамп доби отказ

ТОП1 денПомпео: Ќе дадеме 100 милиони долари за да и помогнеме на Кина во борбата против коронавирусот

МАКЕДОНИЈА1 денНајладно во Лазарополе, највеќе снег во Маврово

СПОРТ1 ден„Роналдо кај нас? Не, стар е“

ЗАБАВА1 ден(Видео) Медитерански остров на кој ви ги враќаат парите ако врне

СПОРТ2 денаМанчестер јунајтед го обвини таблоидот „Сан“ дека знаеле за нападот на Вудворд

СВЕТ2 денаНа Антарктикот измерена највисока температура во историјата

КУЛТУРА2 денаМедена оскаровска ноќ во МКЦ
ДОСИЕМАКЕДОНИЈА2 месециЈовановски до Камчева: Се сеќавате ли дека подготвувавте посебни вечери за менеСВЕТ3 месеци(Видео) Полицаецот кој го уапси синот на Ел Чапо убиен со 150 куршумиКУЛТУРА3 месециДесет најчести прашања и одговори за програмата „Креативна Европа медиа“ на „Синедејс“БИЗАРНО2 месеци(Видео) Леопард влезе во куќа и нападна куче, по што започна жестока борбаМАКЕДОНИЈА2 месециЈовановски: Вештачењето на камерата од моите родители ќе покаже кој замина со торбата и кадеМАКЕДОНИЈА2 месеци(Видео) Сведок во „Еразмус“: Шуклев бараше секс или пари од студентки за преодна оценкаМАКЕДОНИЈА2 недели(Видео) Дебата: Како во законот освен производителите, корист да имаат и консументите на канабисотМАКЕДОНИЈА1 месецОтворена линија за донации за 2-годишно девојче од Валандово кое се бори со тешка форма на тумор
МАКФАКС
RSSМАРКЕТИНГЗА НАСКОНТАКТУСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ
Copyright © 2018 – Member of IAB Macedonia