Снимки од италијанските затворски чувари како ги тепаат затворениците со палки и со раце по ланските протести во врска со пандемијата од корона вирус ја згрозија Италија во средата и ја разбеснија министерката за правда.
Претепувањето се случило на 6 април 2020 година во затворот „Санта Марија Капуа Ветере“, северно од Неапол, а снимките од видео-надзорот објави во средата дневниот весник „Домани“.
Снимката предизвика осуда од дел од политичарите, но и изрази за поддршка за чуварите.
Министерката за правосудство Марта Картабиа рече дека со тоа е „повредено достоинството на затворениците, но и униформата која секој вработен во затвор, маж или жена, треба да ја носи со гордост“ и побара темелна анализа на настаните.
Државното обвинителство лани покрена истрага по поднесувањето тужби поради насилството на затворските чувари ден по протестите кои ги поттикна информацијата за позитивен случај на Ковид-19 меѓу затворениците.
Дури 52 чувати во затвор се уапсени оваа недела или се известени за започнување на судска постапка против нив под сомнение за мачење, насилство и злоупотреба на овластувањата. Со истрагата се опфатени повеќе од 110 луѓе.
На видео-снимката која трае повеќе од шест минути, а направена е од снимки на надзорни камери поставени во ходниците и на скалите на установата, може да се видат десетици чувари, меѓу кои многу имаат кациги и штитови, како немилосрдно ги тепаат затворениците.
Овие се обидуваат да се заштитат прескокнувајќи го кордонот чувари кои со нозе и палки ги тепаат по глава. Некои ползат и се гледа дека трпат болка.
Затвореник во инвалидкс аколичка доби удар во грб, а најмалку тројца мажи чувари го тепаат додека лежи ан подот.
Од СМС пораките кои ги разменувале куварите се гледа дека акцијата во која учествувале повеќе од 280 припадници на затворската полиција била планирана и замислена како одмазда.