ВИДЕО: Има повредени пред Собранието, полицијата апси демонстранти

4

Полицијата почна да апси демонстранти на вечерашниот протест против францускиот предлог пред Собранието, откако ескалираше револтот на дел од толпата и се појавија демонстранти со фантомки, кои почнаа да фрлаат со секакви предмети, петарди и чадни бомби кон специјалците.

Дел од медиумите објавија дека има повредени полицајци во судирите со демонстрантите, кои ја пробија заштитната ограда и тргнаа да влезат во зградата. Пред Собранието во еден момент дојде и возило на Брзата помош.