(Видео) Камчев од Шутка спроведен до судот како сведок за „Меѓународен сојуз“ и Бојан Јовановски

39

Денеска ќе продолжи судењето за предметот „Меѓународен сојуз“ во кој што ќе сведочи македонскиот бизнисмен Орце Камчев.

Камчев беше спроведен во судницата од Истражниот затвор во Шуто Оризари каде што како што знаеме го издржува 30-дневниот притвор кој што во неделата му беше одреден.

Инаку, судијката Софче Ефремова на последното рочиште за овој предмет најави дека денеска покрај Камчев треба да сведочи и Агапи Дика.

Обвинет во случајот „Меѓународен сојуз“ е Бојан Јовановски, поранешната пратеничка од раководството на СДСМ – Фросина Ременски, Миле Јовановски (таткото на првообвинетиот) и Јасна Мандиќ Ерцеговиќ.

Инаку, Јовановски е обвинет за измама и перење пари. Ременски за помагање во делото измама, Мандиќ за помагање во измама и перење пари, Миле Јовановски за помагање во перењето пари и неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје, додека пак како првано лице обвинета е и невладината организација „Меѓународен сојуз“.

Видеото погледнете го тука.