(ВИДЕО) Лудница во центарот на Ливерпул, но и пред Енфилд!

23

По синоќешниот пораз на Манчестер Сити на гостувањето кај Челси, Ливерпул првпат во својата историја стана шампион на Премиер лигата.

Центарот на градот буквално гореше, исто беше и пред Енфилд каде навивачите пристигнаа да ја ја прослават титулата и покрај препораките да нема масовни собирања.

Интересно е тоа што следниот меч на Ливерпул е токму кај Манчестер Сити, единствениот ривал за титулата во Премиер лигата, на 2 јули.