(ВИДЕО) Навивачите на Ливерпул се друга димензија: Против Шроусбери дојдоа 52 илјади!

10

Ливерпул играше против третолигашот Шроусбери во ФА Купот, но навивачите на клубот уште еднаш покажаа дека не доаѓаат на стадион поради противникот, туку поради своите миленици.

На Енфилд дојдоа 52.399 гледачи, дел од нив навивачи на гостинскиот тим, но тие не можеа да се слушнат од пеколната атмосфера што ја приредија домашните. Да биде уште поголем спектаклот, Ливерпул играше со деца од својата школа, немаше ниеден од првиот тим, па дури на клупата не седеше ни Јирген Клоп.

Капак на се беше периодот по завршувањето на натпреварот кога десетици илјади останаа на Енфилд да ги поздрават младите фудбалери и не си заминаа дома ни половина час подоцна.