ВИДЕО: Неверојатен НБА рекорд на Браун

21

Кошаркарите на Бостон селтикс го декласираа Кливленд со 141:103 на натпревар на кој блескаше Џејлен Браун.

Бостон на неверојатен начин ја прекина серијата од три порази во низа и тоа против Кливленд кој пак имаше три победи по ред.

Сепак, играчите на Бостон беа далеку подобар тим на паркетот, во еден момент од средбата имаа предност од 41 поени, а посебен печат на победата даде Џејлен Браун кој сите 33 поени ги постигна за само 19 минути со што постави нов НБА рекорд,за постигнати поени во помалку од 20 поени.

Гордон Хејворд по заминувањето од Бостон повторно игра одлично и го предводеше Шарлоот до победа од 107:104 над Орландо. Хејворд постигна 39 поени, додека кај Орландо блескаше Никола Вучевиќ со 22 поени и 13 скокови.