(ВИДЕО) Погледнете како Кинезите „на брзина“ градат две болници

5

Иако многумина ги сфатија како на шега, дека за 5 дена можат да изградат болница, сепак Кинезите не се шегуваат. На Јутјуб се појавија видеа од екстремно брзата изградба на две болници во Вухан, Кина, наменети за оние заразените пациенти со смртоносниот коронавирус.

Околу 4.000 работници учествуваат во изградбата на болницата „Хуошеншеан“, која официјално ќе се отвори утре, 3 февруари, а изградбата започна на 24 јануари.

Болницата е изградена од монтажни објекти и бродски контејнери за испорака, па оттука и голема брзина во нејзината конструкција.

Плановите за болницата „Лејзеншан“ се проширени и опфаќаат 1.600 легла, за 100 повеќе од првичниот план. Оваа болница ќе прима пациенти од 5 февруари.

Целта на изградбата на двете болници е да бидат еден вид карантин за заразените заради нивно подобро лекување, но и за заштита на другите сограѓани.