(Видео) Подољак: Ќе разговараме за мир, прекин на огнот, повлекување на војниците и безбедносни гаранции

9

Советникот на украинскиот претседател Володимир Зеленски и членот на преговарачкиот тим Михаило Подољак објави на својот официјален Твитер профил по повод продолжувањето на преговорите.

„Преговори. 4-та рунда. За мирот, прекинот на огнот, повлекувањето на војниците и безбедносните гаранции. Тешка дискусија. Иако Русија разбира колку залудни се нејзините агресивни дејствија, сепак има заблуда дека 19 дена насилство врз мирните украински градови е вистинската стратегија“, кажа Подољак на својот Твитер.