Видео: Припадници на Еулекс утрово упаднале во куќата на Хашим Тачи

38

Припадници на Еулекс од утрово вршат претрес во домот на поранешниот претседател на Косово Хашим Тачи, пренесуваат приштинските медиуми.

Еулекс влегол и во куќата на лидерот на ДПК Кадри Весели.Двајцата политичари од вчера се наоѓаат во Специјалниот суд во Хаг, откакоза нив беше потврдено обвинение од страна на специјалниот суд.

https://www.facebook.com/watch/?v=2757014854510334

Сили на Еулекс од утрово се влезени и во седиштето на Демократската партија на Косово, а пред просториите на апртијата се распоредени припадници на косовската полиција.