(Видео) Пукање во Њујорк, меѓу ранетите и две деца

4

Пет лица, меѓу кои и две деца, се повредени во пукање во Њујорк, јави „Ен-би-си“, повикувајќи се на полициски извори.

Пукањето се случило во средата нешто пред 16 часот по локално време, во Бронкс.

На видео снимките од надзорни камери се гледа како напаѓачот дотрчува до некое лице и испукува пет куршуми.

Сопственикот на блиска продавница изјави дека неколку повредени се стрчале кон неговиот локал барајќи помош.

„Њујор Тајмс“ објави дека се повредени две момчиња на возраст од 10 и 14 години и една 19-годишна девојка, кои стоеле на тротоарот.

Повредените се однесени во болница и никој од нив не е во животна опасност.

Полицијата трага по напаѓачот.