ВИДЕО | Роднина на преживеаните: Ни велат дека се добро, но не ни дозволуваат да ги видиме

17

Али Селмани, роднина на четворицата од преживеаните, во изјава за медиумите побара од надлежните институции што е можно побрзо да ги завршат сите процедурални работи во врска со телата, како и пренесувањето на преживеаните на скопските клиники.

Селмани, роднината на четворица преживеани вели дека докторите ги информирале дека се тие се во добра состојба, но не им дозволувале да ги видат.

„Дојдовме да им дадеме поддршка на преживеаните, од вчера сме тука, но ги нема… Немаме увид, не можеме да ги видиме. Ни кажуваат докторите дека тие се добро, во траума се, но уште ги немаме видено“, вели тој.