ВИДЕО: Сам против сите, неверојатна партија на Дончиќ!

31

Лука Дончиќ и Тим Хардавеј Јуниор „сами“ го победија Хјустон. Тандемот на Далас заедно постигнаа 63 поени во триумфот со резултат 113:100, а остатокот од тимот 50.

Словенечкиот плејмејкер го забележа 28 „трипл-дабл“ во кариерата со учинок од 33 поени, 16 скока и 11 асистенции.

Воедно Дончиќ е 11 играч кој ја надмина границата од 1000 асистенции пред наполнети 22 години.

Хардавеј постигна 30 поени, а на спротивната страна за Рокетси Кристиан Вуд имаше 23 поени, два помалку Џејмс Харден.

На табелата во Западната конференција Далас после третата победа сезонава е на осмата позиција (3-4), а Хјустон останува на две победи на 10 место (2-3), но од пет одиграни натпревари.

НБА, резултати –

Орландо Меџик-Кливленд Кавалирс 103:93
Филаделфија Сиксерс-Шарлот Хорнетс 118:101
Атланта Хокс-Њујорк Никс 108:113
Мајами Хит-Оклахома Сити Тандер 118:90
Торонто Репторс-Бостон Селтикс 114:126
Хјустон Рокетс-Далас Маверикс 100:113
Милвоки Бакс-Детроит Пистонс 125:115
Њу Орлеанс Пеликанс-Индијана Пејсерс 116:118 (106:106, по 1 продолжение)
Голден Стејт Вориорс-Сакраменто Кингс 137:106