ВИДЕО: Симеоне му порача на Пеп дека не е глуп, па го напушти пресот кога го слушна прашањето

3

Екипата на Атлетико Мадрид не успеа да го елиминира и вториот манчестерски гигант во Лигата на шампионите и ги заврши настапите во фудбалската елита во стариот континент.

По ремито во Мадрид (0-0), Диего Симеоне вели дека е исклучително горд на своите играчи и покрај тоа што Сити обезбеди полуфинале, благодарение на победата на свој терен од 1-0.

„Можеме да бидеме горди на тоа како одигравме и се боревме против голем тим. Секако дека боли кога ќе бидеш елиминиран од Лигата на шампионите, но сакам да гледам кога тимот се бори и дава сè од себе. Му честитам на ривалот за пласманот, но одигравме одличен натпревар“, изјави Диего Симеоне.

Јасно беше дека овој дуел ќе биде многу тензичен, но после сите критики, Симеоне конечно доби пофалби од Пеп за одиграниот меч

„Не морам да давам мислење дали некој зборува добро или не. Многупати оние кои имаат одличен речник се многу интелигентни и ве фалат со презир. Но, ние кои можеби немаме таков речник – не сме толку глупави“, одговори Аргентинецот.

Потоа доби прашање дали ќе го советува Реал Мадрид како да одигра против Сити во полуфиналето.

„Никогаш нема да го сторам тоа“, рече кратко и ја напушти прес салата.

Атлетико сега се сите мисли не го насочи кон Примера каде моментално е на четвртото место и викендов ќе го пречека тимот на Еспањол.