ВИДЕО: Тој е најдобриот сопруг на светот

5

На трудница во една болница никој не сакал да и ослободи столче за седење, по што нејзиниот сопруг се снашол и се претворил во столица.

Сопруг од Кина ги собра сите симпатии на луѓето низ целиот свет откако на својата трудна сопруга и дозволи да седне на нејзиниот грб, додека во болница чека ред за преглед.

Во видеото објавено од полицијата може да се види како една жена во поодмината бременост чека ред во болница, по долгото чекање уморна од стоењето изнемоштена се обидува да седне. Но откако никој од присутните не се ниту обидува да и ослободи столица, нејзиниот сопруг седнува на подот и станува нејзино столче.

Полицијата, која го објави видеото, ги критикува луѓето кои седат на столиците и цело време без грижа гледаат во своите телефони ( или се прават дека гледаат) и не реагираат на ништо иако трудната жена има проблем и веќе не можела да стои.