(Видео) Јапонец се ожени со холограм, за свадбата потрошил 17 илјади долари

12

Акихико Кондо, 35-годишен администратор на училиште во Токио, стапи во брак со холограм. Неговата нова „сопруга“ е пејачка во виртуелната реалност по име Хатсуне Мику. Анимираниот лик е 16-годишно девојче со тиркизна коса создадено од Crypton Future за софтвер Vocaloid. Нејзиниот глас е моделиран по јапонската актерка Саки Фуџита.

Компанија Гејтбокс креираше декстоп холограм на Мику за 2 800 долари. Бидејќи Кондо не можел да го стави венчалниот прстен на прстот на холограмот, тој користел играчка Мику за церемонијата. Тој дури ја однел куклата во продавницата за накит за да го добие вистинскиот прстен, кој пасува на прстот на куклата.

Кондо ја поканил неговата мајка на свадбената церемонија која чинела 17.600 американски долари, но таа одбила да присуствува. Таа не го одобрила неговиот брак со виртуелна личност. И покрај тоа што неговата мајка не се појавила, 40 други гости биле присути на церемонијата.

Кондо нема интерес за оформи врска со вистинска жена, бидејќи отсекогаш имал проблем да комунира со девојчиња.

„Мики-сан е жената која многу ја сакам и исто така таа што ме спаси“, рече тој. И покрај тоа што неговиот брак не е законски признат, Кондо не се грижа. Вели дека ќе и остане лојален и верен на својата сопруга.

Тој дури има и „сертификат за брак“ издаден од Гејтбокс, компанија која тврди дека има издадено 3.700 вакви сертификати, иако Кондо е првиот што имал свадбена церемонија.