Виктор Соколовски со фотоизложбата „Претстава“ Вечерва во Кинотеката

2

Вечерва во 20 часот, во холот на Кинотеката ќе се отвори изложбата „Претстава“ со театарски фотографии на Виктор Соколовски. Тој се претставува со фотографии направени на разни театарски сцени од 2011 година.

Соколовски ја имаше првата самостојна изложба во Скопје во 2007 година, кога изложи 200 фотографии, главно портрети. После тоа, следуваат две самостојни изложби во Франција со колекција фотографии од Старата скопска чаршија.

Во рамките на програмата „Македонија без дискриминација“ освои специјална награда на жирито за најдобра фотоприказна за 2009 година.