Вилјареал му фаќа сеир на Баерн: Куга плукате во вис, плунката ви се враќа на лице!

0

Фудбалерите на Вилјареал на сензационален начин го елиминираа фаворизираниот Баерн Минхен во четвртфиналето од Лигата на шампионите (ЛШ) по синоќешното реми на „Алијанц арена“ (1-1) со кои беше сочувана победа на првиот меч на домашен терен (1-0).

По мечот, тие еуфорично почнаа да се мајтапат со противникот, односно да му се одмаздуваат за потценувањето искажано при ждрепката на двојките. Дани Парехо се потсети на реакцијата на тренерот на Баерн, Јулијан Нагелсман, кој ги потцени Шпанците.

„Кога беше одржана ждрепката и го добија Вилјареал, нивниот тренер, кого не го познавам, нѐ потцени. Тој не покажа респект ниту кон нас како клуб и како фудбалери, но не покажа респект ниту кон фудбалот. Рече дека сака двомечот да го реши уште на првиот натпревар, а за нас тоа беше непочитување. Понекогаш кога ќе плукнете во воздух, плунката ви се враќа в лице“, изјави Парехо по елиминацијата на Баерн Минхен.

Пресреќен за пласманот во полуфиналето беше и тренерот на „жолтата подморница“ Унаи Емери.

„Одигравме голем натпревар во Минхен, но и првиот натпревар покажа како ќе играме во реваншот. Повторно бевме перфектни во одбраната, а знаевме дека ќе имаме ситуации кога ќе нападнеме. Искористивме една таква ситуација да дадеме гол и ја искористивме. Убаво е да се биде во полуфиналето, но не за некој да зборува како ние сме симпатичен клуб од мал град, од некое село и да не споредува со Астерикс и Обеликс. Ние сме во полуфиналето идејќи имаме одличен проект и план и бидејќи вредно работевме и знаеме да играме фудбал“, изјави Емери.