ВИСОКИ ТЕМПЕРАТУРИ ВО ДАЛМАЦИЈА: Во Дубровник соборен температурниот рекорд во јануари

12

Вчера во Далмација беше невообичаено топло за почетокот на јануари, а во Дубровник беше соборен температурниот рекорд за јануари, бидејќи измерената температура од 19,3 степени Целзиусови е највисока од извршените мерења.

Во некои делови на Далмација , како што пренесуваат локални медиуми било потопло отколку во Дубровник, па во Сињ се измерени 20,9 степени, во Метковиќ 20,7, а во Имотски 19,6 степени, пренесува порталот Индекс.

Во Книн се измерени дури 21,6 степени, а во Сплит 15,5 степени.

Малку постудено било во Шибеник, каде највисоката измерена температура била 14,6 степени.