Витките „ангели“ заминуваат во историјата: Откажано шоуто на Викторијас сикрет

21

Лоши вести за љубителите на најсензуалното шоу, ревијата „Викторијас сикрет“

Од извршната власт во компанијата потврдија дека најочекуваниот годишен настан на кој ангелите дефилираат по долна облека е официјално откажан, со што ги потврдија неколку месечните гласини.

Инаку шоуто се одржува секоја година во ноември, а се емитува во декември.

– Признаваме и цениме дека комуникацијата на брендот, придонесите, емоционалната содржина на Викторијас сикрет е очигледно важна работа и затоа треба да се размисли во која насока ќе се движиме понатаму- изјавија од компанијата.

Според нив шоуто е „извонредно достигнување во маркетингот“ и важен дел од градењето на марката на Викторијас сикрет.

Како што се приближуваше традиционалниот тајминг и не беше објавена никаква вест за настанот, откажувањето беше само претпоставувано.

Измените во модната ревија се чинеа неизбежни по минатата година, кога шоуто се вплетка во контроверзии по коментарите дадени од долгогодишниот шеф на маркетинг на компанијата, Ед Разек, кој во интервју за „Вог“ зборуваше за недостатокот на трансродови модели и разновидност во големината на моделите на брендот. Неговите забелешки предизвикаа бура на социјалните медиуми и додадоа гориво на тековната расправа за местото на шоуто во модерното општество. Разек, кој долго време беше најважен човек на настанот, го најави своето заминување од брендот во август, годинава

Компанијата трпи порази и во другите сфери. Годинава претпеа низа скандали на многу фронтови, од кои дел беа и обвинувања за сексуална злоупотреба на моделите.

Под ударот на ваквите контроверзии, „Викторијас сикрет“ се соочува и со финансиски проблеми. Компанијата најави дека годинава затвора 53 продавници само во Северна Америка.

Од своја страна, Викторијас сикрет објави неколку најави кои можеби сигнализираат нова зора на брендот. Компанијата ги ангажираше своите први трансродови и плус-сајз модели претходно оваа година, а исто така ја врати категоријата облека за пливање, некогаш светла точка за бредот, која беше затворена во 2016-та година.