Вкупно четири милиони евра ќе вложи Хрватска во 2023 година во развој на спортската инфраструктура во земјата, соопштија денеска властите во Загреб

4

Инвестициите се дел од Националната програма за спорт 2019-2026, во рамки на која досега севложени 8,2 милиони евра во изградба и реконструкција на спортски сали, кошаркарски и фудбалски игралишта, тениски терени, атлетски патеки и друго.

„Обновата и изградбата на спортска инфраструктура е една од најважните стратешки цели на Владата на Хрватска“, соопшти Министерството за туризам и спорт во Загреб, објавувајќи го националниот Конкурс за кофинансирање за изградба, градежни зафати и опремување на спортски објекти во 2023.

„Веруваме дека и оваа година на Конкурсот ќе се пријават низа квалитетни проекти кои ќе придонесат за што поголема и подобра достапност на спортот, како на нашите професионални спортисти, така и на граѓаните, а особено на децата и младите, во цела Хрватска“, изјави министерката за туризам и спорт Николина Брњац.