Владата денеска со пријави против работодавачите кои зедоа државни пари а не исплатија плати

5

Денеска Владата ќе поднесе барање до Основното јавно обвинителство кривично да одговараат работодавачите кои зеле државна помош, а не им исплатиле плати на вработените.

Кривично, на управителите им се заканува и затворска казна, а паричносанкциите се 3.000 евра за правното лице и 900 евра за одговорното лице.

Владата првично објави 708 фирми кои земале државна помош од 14.500 денари по вработен за месец дена, а сега на последната листа нивниот број е 366 субјекти.

Околу 3,700 компании на над 53 илјади вработени им дале помалку од минималната плата на работниците, иако добиле по 14.500 за секој од нив.