Владата не се бори против корупцијата, сметаат граѓаните

4

Повеќе од половина од граѓаните сметаат дека Зоран Заев има лоши резултати како премиер, високи 64% оценуваат дека Владата не се бори против корупцијата, а бизнисот е незадоволен од мерките, покажуваат резултатите од теренската анкета на ИПСОС, спроведена за потребите на ВМРО-ДПМНЕ.

На прашањето „Како го оценувате досегашното работење на Зоран Заев како премиер на државата?“, 53 отсто одговориле дека има лош резултат од работата, а 29 отсто рекле дека има добар резултат.

Високи 64 отсто од анкетираните ја оцениле како незадоволителна бробата на Владата против корупцијата, а задоволителна е за 29 проценти.

Што се однесува до задоволството од пакетот мерки во економијата кој го донесе владата за справување со ковид-кризата, како незадоволни се изјасниле 55 отсто од анкетираните, а 37отсто задоволни рекле дека се задоволни.

Анкетата е спроведена во периодот од 06 до 20.12.2021 година врз 1.023 испитаници на територијата на целата држава, со запазување на демографските карактеристики.

Претходно ВМРО-ДПМНЕ го објави првиот дел од анкетата која покажува дека ВМРО-ДПМНЕ има стабилна предност во однос на СДСМ, големо мнозинство смета дека државата оди во погрешна насока, а најголем проблем е економијата, мали плати, а високи цени.